ПЕХАРИТЕ ЗА СТОПЕР, ГОЛГЕТЕРКА И КАТА – МАЈСТОРКА

“Зенит” ги прогласи најдобрите спортисти за 2010

Del od atmosferata na cinot na dodeluvanjeto na priznanijata za sportist na 210 godina vo organizacija na nedelnikot Zenit i lokalnata samouprava

Триумф за фудбалерот Филип Мирчески, ракометарката Тања Шалевска и каратистката Верица Трајкоска

Третиот Избор на најдобрите спортисти за 2010, според “Зенит” и Локалната самоуправа, кулминираше со прогласувањето во хотелот “Кристал палас”. Почестите се за стоперот на фудбалскиот второлигаш 11 Октомври, Филип Мирчески, ракометарката на суперлигашот Жито Прилеп, Тања Шалевска и каратистката на Ронин, Верица Трајкоска. Примија пехари од претставникот на ЛС, Благоја Дамески. Мирчески е еден од заслужните за третото место во есенскиот дел и шансите за прва лига. Во одбраната придонесе за рекордот од 934 минути непримен гол. Член е на аматерската репрезентација на Македонија. Доби најмногу гласови од Комисијата. Шалевска беше најистакнатата ракометарка од Жито Прилеп, Настапува на бековската линија и редовно е меѓу најдобрите стрелци. Заслужна е за второто место. Со Жито Прилеп на меѓународна сцена во купот Челенџ стаса до четвртфиналето, каде претстои дуел со Мио Бигано од Франција. Трајкоска произлегува од редовите на реномиран карате клуб, Ронин. Се истакна во дисциплината кати. Освои две “бронзи” на Балканијадата во Грција. Прво до медал стаса поединечно, потоа и со ката тимот, заедно со клупските другарки Зорица Спиркоска и Поликсенија Јованоска. Доајенот на спортското новинарство Миле Талески ги доделели плакетите за Милан Спиркоски од Шаховски клуб Слух за најдобар спортист со инвалидитет, Параглајдинг клуб Делта, домаќин на Претсветски куп во Крушево, Здравко Тодороски, директор на 10-ти Светски моделарски куп, Блаже Филипоски, 10 години тренер во женски фудбалски клуб Победа, ЖРК Жито Прилеп – најдобар клуб, ФК 11 Октомври – најгледан тим, Ристо Магдинчев, за тренерски подвиг на Ж. Прилеп над Металург и “Витаминка”, за најдобар спонзор. На пригодниот коктел дипломи добија во групата фудбалери, Дејан Кебакоски, Денис Димитриоски, Благојче Рутески, Стевче Иваноски, Новче Ацески, Столе Дунимаглоски, Игор Мирчески, Дејан Кулески (11 Октомври) и Бекташ Јусуфоски (Победа јуниор). Од џудото одбележани беа настапите на Балканијадата во Требиње, каде членката на Пролетер, Јованка Гусакоска стаса до “бронза”, а една победа имаше Борче Тошески од Сеишин. Меѓу кошаркарите се истакнаа Благојче Ѓорѓиевски и Бранко Јанески од Ултимејт баскет, кај борачите од 7 Мај Леов, Дејан Заов, пингпонгарите на Младост до титулата беа предводени од искусниот Ѓоко Јочкоски. Боксерскиот клуб Ас го има младиот професионалец Веселин Кочоски, а во стрелечкиот клуб Херој Прилеп на стара патека се враќа, Владимир Магдески. Фудбалот успешно го играат девојки, а Победа ја има виничанката Младена Петрова. Атлетскиот клуб Трети ноември беше претставен од Христина Ристеска, а и во овој дел не може без ракометарките на Ж. Прилеп Цветанка Срњакова и Марија Когој. Со дипломи се закитија моделарите на Аеро клуб Прилеп, Зоран Велкоски и Кирил Димески, шахистите на ШК Прилеп, Тони Кироски, Славе Трајкоски и Дејан Ѓорѓиески, параглајдеристите на Делта, Миле и Мартин Јованоски, кик-боксерот на Горила, Иле Ристески, спортскиот риболовец на Пец – пец, Сашо Цветкоски и “бронзените” каратистки од Балканијадата, Поликсенија Јованоска и Зорица Спиркоска од Ронин на Златко Димоски. Посебни признанија добија: Карате клуб Лукас на Ахил Јаков – подем на млад клуб, ФК Пролетер и Сами Јашароски – долга традиција и фудбалерот во чешко Словачко, Илија Несторовски, најмлад спортски амбасадор.

За поголеми слики притиснете на сликите:FK 11 Oktomvri - najgledan tim - pretstavnikot Pece Risteski

Пензионерката Милица најсреќна

Наградите за најсреќен читател – гласач преку СМС и припадна на Милица Паноска – пензионер. Вели дека е најредовен читател на “Зенит”. Гласала за борачот Дејан Заов. Доби тренерки од фирмата “ВИС СПОРТ”, подарок од ИЗО стакло, 15 возења од такси компанија 15-55, топка од Младинска фудбалска школа 11 Октомври, дресови од фудбалерот Илија Несторовски, Боречки клуб 7 Мај Леов и Женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври.

Награди “плус”

Надвор од официјалниот дел, директорот на 10-от Светски моделарски куп, Здравко Тодороски, им врачи признанија на спортските новинари во пензија Миле Талески и Драги Башески, на снимателот Раде Дамјаноски и поранешниот градоначалник Глигур Иваноски. како благодарност за соработка.

Loading