ГРАДБА НА САЛА ВО “… РИЧКО”

За осум месеци во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” ќе никне современа спортска сала за физички и спортски активности на 680 ученици. За градбата, рече министерот за образование Никола Тодоров, ќе бидат потрошени 40 милиони денари. Салата ќе има 1300 квадратни метри и комплетно ќе биде опремена. Ќе биде фукционална за сите спортски дисциплини, дури и групните: кошарка, ракомет, одбојка. На овој начин обезбедуваме услови за зголемено ангажирање на ученици за здрав живот – рече министерот, најавувајќи продолжување на инвестициите во образованието. Министерот потврди дека ќе се градат нови мотажни училишта во селата Беровци, Галичани и Чепигово. Тој не демантира дека е пред крај финансиска конструкција за градба на новото основно училиште во населбата Али чаир на местото од Зоолошката градина. Се очекуваат корекциите на урбанистичките планови. Премиерот Никола Груевски рече дека здрава младина е среќна младина, младина која спортува. При крај е изградбата на спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров”, а во општината ќе се градат уште неколку спортски сали. Груевски го искористи престојот во Прилеп, заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, да пресече лента за ставање во официјална употреба на реконструираниот пат од Прилеп до Кривогаштани. Премиерот изјави дека годинава Владата одделила 300 милиони евра за инфраструктура.

Loading