ЧЕШЕЛОСКИ, ЧЕШЕЛОКОСКИ, ЧЕШЕЛАКОСКИ…

По неколку децении од изградбата, во средното општинско училиште “Ристе Ристески Ричко”, кое од пред 2 години има и насока спортска гимназија, да се означи камен темелник за спортска сала, е навистина голем настан и ни малку потценувачки. Можеби заради тоа, возбудата на човекот кој речиси над 20 години е на чело на училиштето, отиде до таму, па Петар Чешелкоски го заборави името на министерот за образование. Слушна дошепнување од новинарите, но и тие онака како што знаат вообичаено да прават “патки”, многу не му помогнаа со суфлирањето. Директорот уште толку го погреши името и презимето на гостинот. Згора на тоа не се извини, ниту на министерот лично, ниту на гостите, за неговиот, веруваме ненамерен лапсус лингва.

Министерот за образование Никола Тодоров, а уште помалку премиерот Никола Груевски, не му останаа покусо. И двајцата си “поиграа” со редењето на согласките и самогласките во читањето на презимето на директорот во нивните говори… Па така, прилепскиот директор стана Чешелоски, Чешелакоски….итн. Велат споменувањето на имињата е навредлива работа, кога лицата не се тука. Но токму владиниот врв, првиот човек на ресорното министерстсво, односно работодавецот беа присутни на настанот.

Народната вели: “Тој што работи и греши”! Навистина е така директорот Чешелкоски има над 20 години директорски стаж.

Loading