ТРИБИНА НА СДСМ ЗА УРИВАЊЕ НА ВЛАСТА

“Најголемата грешка ќе биде ако помислиме дека власта ќе се урне самата. Треба да помогнеме во тоа. Во паѓањето на власта треба да се вклучат сите демократски сили, кои, се надевам, по пет години владеење на овие сили, ќе сфатат дека ВМРО и нивните коалициони партнери се опасни сили и дека земјата ја водат минимум во поделба, ако не и во целосна пропаст”. Ова го рече меѓу другото Ѓунер Исмаил на трибината на тема “Како да ја урнеме власта”, организирана од младите на СДСМ. Според Исмаил во оваа земја работела само полицијата и ништо друго. Сите кои гласаа за нив во 2006 година спаѓаат во демократски сили за кои можеме да тврдиме дека се освестиле. Вакви трибини сме имале и ќе продолжиме да разговараме со граѓаните. Еднаш засекогаш во Македонија треба да се надмине стравот – посочи Исмаил. Според професорот Љубомир Фрчковски, периодот до јуни ќе бил тежок оти оваа власт не била нормална, демократска. Власта со нокти се обидува да загребе од сите делови на општеството. Како мали деца ја заоструваат играта на меѓуетнички односи. Овој период ќе биде турболентен. Опозицијата без страв треба да биде активна. Треба да се откријат најкритичните точки. Опозицијата тука е скромна. Треба да тргне во понационална политика, оти ќе дојде до смена на власта, а СДСМ ќе ја преземе – рече Фрчковски.

Коментирајќи ја посетата на Груевски во САД, Фрчковски со став:

– Ако расправаат за името, ќе биде пропадната расправа. Ако има расправа за демократските процеси, можен е притисок, во смисла на губење на власта, а ќе ја изгубат. Тоа треба да биде институционално и контролирано, без тензии. Власта да не провоцира. Ако одат така сугестиите, ќе биде добро – изјави на трибината професорот Фрчковски.