ТУТУНОТ В МОНОПОЛИ ДО 15 МАРТ

“Откупувачите ќе ги преземат и ќе ги складираат сите договорени количества тутун до 15 март. Ќе порасне динамиката на откуп”. Ова го рече Румен Стаменов, директор на инспекторатот за земјоделство. Тој смета дека притисокот врз откупувачите дошол, откако сите тутунари одеднаш бараат да им се преземат количествата. Дневно се откупуваат по 700 тони тутун. Ќе има повеќе ваги за проценка да се зголеми динамиката. Тутунарите сами создадоа проблем, оти не го предаваа тутунот порано. Гарнатирам дека ќе се откупи родот и нема да остане лист неплатен. Преземени се околу 14 илјади тони со просечна цена од 144 денари – рече Стаменов. Одборот за протест на тутунарите тврди дека е лоша состојбата со откупот. Нема протести, и пак не подобрен откупот. Ќе чекаме неколку дена да одлучиме за понатаму – вели Кире Неделковски. Пред откупните пунктови долга редица од тутунари кои брзаа да го дадат тутунот, кој почнува да калира на овие временски услови.

Loading