БОЛНИЦАТА НАСКОРО СО ТОМОГРАФ

Во болницата заврши адаптацијата на просторот каде ќе се монтира компјутерскиот томограф, што е дел од опремата за модернизирање на здравството. Според Киро Салвани од министерството за здравство, болницата ќе добие секаков вид опрема. Најважен е томографот сместен во близина на ургентното одделение. Томографот ќе биде монтиран многу брзо – вели директорот Илија Богатиноски, кој посочи дека во тек е темелната реконструкција на зградата.

Loading