ИЛЈАДНИЦИ ЛУКСА ЗА БЛЕСОК НА ЧАРШИЈАТА

Со 40 нови канделабри блесна во полн сјај Старата чаршија. Локалните власти, на иницијатива на Здружението на занаетчиите, го “турнаа” мракот од автентичните објекти, како што е Градската саат кула и тесните сокачиња. Препознатливите објекти за градот блештат со илјадници лукса светлина. Градската самоуправа најавуваат и поставување табли со имињата на уличките за полесно снаоѓање на намерниците во привлечната пешачка зона. Постојните канделабри беа нефункционални и оштетени, оти беа поставени пред 30 години. Во согласност со Управата за заштита на културното наследство, поставени се нови, без да се наруши изгледот. Дизајнот е во вид на фенери, кој се вклопува во амбиентот. Во ново светлосно руво ќе се “облечат” уште неколку помали сокачиња – изјави градоначалникот Марјан Ристески. Се настојува “Денови на занаетчиството” во Старата чаршија да бидат негувана традиција. Кире Трпчески, претседателот на занаетчиите, изјави дека чаршијата се се осветлува првпат по 30 години, и покрај досегашните интервенции, апликации и потрага по документација. Локалната самоуправа вложи околу еден милион денари за осветлувањето.

Loading