МАСКИРАН РАЗБОЈНИК УКРАЛ 35 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Маскиран разбојник украл 35 илјади денари и побегнал со закана од пиштол од продавница. Полицијата трага по него. Разбојникот, велат од СВР Битола, имал капа на главата и црн чорап на лицето. Држејќи во раката пиштол, , маскираниот разбојник и се заканил на продавачката и тргнал кон касата со пари, од каде украл 35 илјади денари во различни апоени. Со парите побегнал во непознат правец – велат од СВР Битола. Според продавачката, маскираниот бил на возраст од околу 20 години. Полицијата работи на откривање на разбојникот.

Loading