ПАКУВАЊЕ БЕЗ ЗАГАДУВАЊЕ

Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа семинарот на тема “Унапредување на квалитетот на животната средина во Пелагонискиот регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување”. Законот стапи на сила од први јануари. Се очекува најдоцна до крајот на јуни да започне да го применуваат сите правни субјекти во државава. Предвидени се репресивни мерки за правните субјекти кои ќе го прекршат Законот. Главната цел на проектот е да се подобри квалитетот на животната средина во Пелагонија и да се создадат капацитети на Локалната самоуправа, бизнис секторот и граѓанските организаци за имплементација на Законот.

Loading