ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ОКОЛУ “КАРПАЛАК”

Изградба на пешачки и велосипедски патеки, паркинг простор, хортикултурно уредување, осветлување и поставување на урбана опрема е предвидено да има околу кружниот тек кај тринаесеткатницата. Ископани се старите плочки. Партерно уредување опфаќа на површина од околу две илјади квадрати простор пред и околу тринаесеткатницата и 1600 квадрати р пред маркетот Тедико. Уредувањето на просторот е дел од споменичниот комплекс Карпалак. Од првата фаза на проектот завршија градежните активности за изградба на кружниот тек. Паралелно тече подготовката на инфраструктурата за фонтаната над која ќе биде спомен обележјето со десет краци во чест на загинатите бранители кај Карпак пред 10 години.

Loading