ПРВИ ДОНАЦИИ ЗА ВИДЕЛО ЗА БИНАС

Неколку граѓани веќе донираа средства за операција во Истамбул на 15 месечната Бинас Таироска, која е слепа од предвременото раѓање и инкубаторот. Таа ја немаше среќата да биде оперирана како нејзинот брат близнак Тахири да го види сонцето. Со хуманитарната кампања која ја отвори Зенит и со заедничка благородна поддршка и таа има шанса да прогледа и да се радува на детството. Треба да со собереме две илјади евра, од потребните десет илјади, од кои остатокот ќе го плати државата. Отворивме посебна сметка за да ја испратиме Бинас со родителите на операција да прогледа. Сметката за донации 200002275965312 во Стопанска банка – Скопје. Ќе ја контролираат читателите со тоа што секој петок ќе ги објавуваме пристигнатите средства. Кога ќе се соберат околу 120 илјади денари, средствата ќе се насочени во Фондот за здравство, од каде комплетната сума ќе се плати за интервенција на Бинас во Истамбул. Ги повикуваме сите хумани луѓе, заеднички да собереме две илјади евра и да ги извадиме невиното дете од темнина , за да му се придружи на својот брат – близнак во детската игра со кукли и играчки. За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140

СОУ” Чопела и Петров” првенци

Учениците и професорите од СОУ “Орде Чопела” и “Ѓорче Петров” собраа средства да и помогнат на Бинас да и сјаат очите. Учениците од хемиското училиште донираа и производи од својата пекарница.

Loading