ДРВА ЗА ИДНАТА ГРЕЈНА СЕЗОНА

ЈП “Македонски шуми” – Црн бор

Подржницата “Црн бор” на ЈП “Македонски шуми” располага со огревно дрво за грејната сезона 2011/2012. Цената на метар просторен буково огревно дрво е 2 376 ден., а 2 456 ден. за дабово дрво. Оваа цена е доколку се земат дрвата од складот, а до адресата на купувачот се доплаќа по 144 денари по еден метар просторен за утовар, растовар и превоз. Преку синдикалните организации плаќањето ќе се врши на шест еднакви рати – вели Илија Димитриески, директор на “Црн бор”. Од прилепскта подржница на ЈП “Македонски шуми” велат дека располагаат со квалитетно огревно дрво.

Loading