БЛИК ВОДА И ИНТЕРВЕНЦИЈА

Вакви дефекти како на фоткава не се ретки во град со 70 илјади жители. Улиците се раскопуваат, тротоарите прекопуваат, дупки, распуканост… Се регистрира бавна интервенција, додека се санира дефектот. А штетата може да биде голема. Пред три-четири дена, минувајќи крај мостот кај ОУ “Кочо Рацин”, крај старата куќата отепана од времето и човечката негрижа, и тротоарот попуштил. Изби вода од водоводен вентил и ја поплави улицата. Пешаците во недоумица каде да стапнат да поминат, а автомобилите минуваат и плискаат околу, не водејќи сметка дека и непредвиденото “туширање во студ” по улица се казнува. Мина низ градската баричка и бел автомобил од “Водовод и канализација”. И замина без да подзастани, а двајцата “патници” да видат што е проблемот. “Изворот” беше затворен до вечерните часови.

Loading