ВИТАМИНКА ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДА

Витаминка ќе гради нов погон за производство на чоколада. Инвестицијата ќе биде околу 2,5 милиони евра. Стартот се очекува во 2012 година. Се предвидува, производството на чоколада да порасне двојно, од 200-300, на 500 килограми на час. Бараме локација. Парите не се проблем, зашто веќе имаме понуди за кредитирање од две банки – вели Симон Наумоски, директорот на Витаминка.        Витаминка лани го зголеми производството за 10 – 15 проценти во споредба со 2009 година. Пласманот е одличен, и на домашниот, и на странскиот пазар. Проблем е порастот на трошоците за репроматеријалите. Ќе се штеди со модернизација на процесите. Не можеме постојано да ги зголемуваме цените на производите – вели Наумоски.

Loading