ГЕРМАНСКА ДОНАЦИЈА ВО БОЛНИЦА

Апарати за лекување на кардиоваскуларни болести вредни 13 илјади евра донираше Германската амбасада во Македонија во болницата. За ургентното одделение кое наскоро ќе биде готово донирани се респиратор за реанимација, холтер за следење на срцева акција, дефибрилатор за најитни ситуации, сетови за реанимација. Од болницата велат со апаратите ќе се подобрат условите за давање на здравствена услуга. Пациентите не ќе патуваат во други болници. Ќе добиваат побрзо дијагностички резултати, а услугите ќе ги подигнеме на повисоко ниво – вели директорот Илија Богатиноски. Ќе понудиме поголема безбедност и ургентност во постапката – вели д-р Димитар Ристески, интернист, посочувајќи дека 65 проценти од болестите во прилепско се во доменот на кардиоваскуларните заболувања. Валтер Лајкс, заменик амбасадор во германската амбасада, рече дека донирале во надеж да спасуваат нечии животи.

Loading