ЕДНИ МЕРАТ, ДРУГИ БЛОКИРААТ

Тешко тргнува откупот на тутунот

Дел тутунари на блокади, дел пред откупните пунктови. Ваква е сликата во екот на откупот на тутунот. Дел од тутунарите се незадоволни од ниската откупна цена. Бараат цени колку лани или просечно околу 190 денари. Три недели блокираат патни правци, гранични премини. Го бараат премиерот да им најде чаре за ниските цени на тутунот, оти не терале бес, туку маката ги терала на блокади. Груевски да го види народот во мака. Никој не мрзне од узур по патиштата. Бараме да се плати потта во тутунот, оти откупувачите си играат. Плаќаат од бадијала фазла. Министерот за земјоделство Љупчо Димовски се увери лично. Ќе истраеме. Не го даваме родот без пари – вели Сашо Јорданоски, од штрајкувачкиот одбор. Министерот за земјоделство Љупчо Димовски ги поддржува тутунарите. Државата ги санкционира купувачите кои не ги почитуваат правилата. Изречени се 42 казни со над 180 илјади евра – кажа Димовски. Тутунскиот комбинат отвори пунктови во неколку населени места за интензивирање на откупната кампања и за релаксирање на откупот. Државата му обезбеди пари да купи околу 2500 тони. Во прилепско има околу 15 илјади тони тутун. Откупувачите не презеле ниту 10 отсто од тутунот, оти тутунарите не ја предаваат ланската берба, и покрај опасноста да мувлоса. Негуваат надеж дека ќе се зголемат цените со притисокот и блокадите.

Loading