ПРОДОЛЖИ ТРАДИЦИЈАТА ЗА КОЛЕДЕ

По бројните маала низ градот, во Мало и Големо Коњари, се запалија големите коледарски огнови. Продолжи долговековната традиција за одбележување на Коледе. Со посна трпеза се одбележа празникот. Се наздрави, се запеа, се заигра, се честитаа празниците. Коледарите си посакаа многу здравје, среќа, радост, успешна и плодна година.

Loading