ПРВО, ПА ЖЕНСКО

Плодна и бериќетна најверојатно ќе биде 2011 година, со оглед како што велат старите, што се роди женско бебе првата ноќ од новото лето, во болницата. Алила Асаноска од Саждево на свет донесе женско дете, тешко над три килограми. Мајката и бебето добијаа пригодни подароци од градоначалникот Марјан Ристески, 15 илјади денари и играчка мече. И пратеникот Панче Дамески ја одржа традицијата. Секоја прв ден од годината продолжува да шири благородна мисија. Ги дарува бебињата во болницата и мајките во лична режија и во намера да го поттикне повеќедетното семејство, што било традиција на нашите предци. Тој укажува дека нацијата старее и дека е нужно да се стимулираат моралните вредности на бракот и семејството. Првата мајка, Асаноска, не можеше да ја скрие радоста што родила здрава рожба. Не кажа како ќе се вика девојчето, но рече дека ќе и се израдува нејзиното постаро братче.

Loading