ЉУБОВ БЕЗ ПОЛИТИКА

Одблиску на предновогодишна средба кај Гоце и Ане Ингилизови

Политиката е машинерија, но, ние имаме слух за функционирање на семејните односи

Како дипломирани доктори знаеме што му е потребно на Лука

Млади и убави. Оставаат впечаток дека се разбираат, среќни се и задоволни. А круна на нивната љубов е Лука. Со насмевка, во топла семејна атмосфера, искрено ја пречекаа екипата на неделникот Зенит во својот дом Гоце и Ане Ингилизови за одблиску да проговориме. Покрај работните обврски како директор на Центарот за јавно здравје, каде се бара повеќе од едно полно работно време, минимум пет дена во неделата и обврските како претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Гоце успева да одговори на сите и семјни и професионални ангажмани. Обврските се повеќе од 12 часа. Најчесто сум дома од 16 до 19 часот. Потоа обврски во партијата, по месни комитети, состаноци со луѓе – вели Гоце. Нивниот син Лука има година и седум месеци. Ја измамува насмевката. Весел е. Здраво машко дете. Како и не би било, кога и двајцата родители се лекари. Гоце признава дека најмногу за Лука се грижи мајка му. Пробуваме максимално времето да го искористиме заедно. Има моменти кога сакаме да бидеме сами. Тогаш помагаат дедовците и бабите. Обично за викендите се грижат за Лука – вели Гоце. Гоце има 30 години, а сопругата Ане е на возраст од 26 години. Заедно се веќе 13 години. Навикнати да функционираат и кога се или не заедно. Се запознале во Прилеп, кога Ане била седмоодделенка. Првин беше детска љубов, симпатија, да се видиш пред згради. Кога Гоце замина на студии во Бугарија, далечината љубовта се повеќе се разгоруваше. Долго време сме заедно. Некогаш со поглед се разбираме. Не мораме да се караме, да се расправаме. Се случува и да ечи куќава и не знаеме кој што кажува – признава Ане.

Плени интелигенцијата на Гоце

Гоце го засакала зашто бил премногу интелигентен, внимателен и имал премногу слух за многу работи. Сум се чудела кога во друштво, на пример, разговора за авиони и ги знае сите какви биле. Како помала со годините, тоа ме одржуваше. На некој начин ме воспита во “неговиот режим и правила”. Зашто, љубовта е љубов, а женското поинаку ја чувствува од машкото. Сакам да верувам дека сум прва и последна љубов. Се интересира за се и затоа е и во политиката. Љубопитноста го внесе како некоја машина во политикава, и професионално да се занимава. Инаку сакаше да биде хирург, а јас гениколог – вели Ане. Како член на партија која е со десничарска идеологија, за Гоце бракот и семејството е светост. Признава дека Ане е грижлива за семејството. Не е љубоморна, ми помага во започнатите работи од струката и од политиката – вели Гоце. Ане е зборлеста. Сака да купува гардероба, подароци и да подарува. Како јавна личност, Гоце сам ја избира гардеробата, а Ане му помага.

Разговорот со луѓето не е товар

Внимаваат на однесувањето, како влегуваат и излегуваат. Би било убаво кога ќе можеш онака нормално да се прошеташ низ чаршија, да се напиеш пијалак со пријателите. Разговорот со пријателите не ми е товар. На секој граѓанин во секое време било каде му издвојувам минути за разговор. Помагаме колку што можеме, но иритира кога некој бара невозможни работи упорно – рече Гоце. Ане открива дека некогаш се случува мобилниот телефон на Гоце да ѕвони нон – стоп и да го замоли да го исклучи бидејќи рано легнува и рано станува заради синот, но не сака по 22ч. да ѕвони, иако во животот и нејзе како на професионален лекар можеби ќе и ѕвонат за некој случај. Новогодишната ноќ ќе ја минат во семејна атмосфера. Наскоро ќе имаат и нов дом. Имаат беспрекорна поддршка од родителите на двајцата сопружници.

Гоце фанатик за компјутер

Кога има слободно време Гоце сака компјутерски игри, како најновата верзија на ,,Фудбал менаџер 2011,, ,,колор дјути,, , ,,стратегиски игри… Многу играм за релаксација. Млади сме и затоа играме, скокаме со темпераментниот син. Малиот го имам капено, но му немам менувано пелени. Сакаме да шетаме со пријатели во природа. Одиме на скијање. Ане е почетник – вели Гоце. Ане има убави спомени од студентските денови во Бугарија. Гоце не прозборел бугарски со години, освен на испит.

Ане знае да готви, но оризот од Гоце е повкусен

Ане има помош во готвењето од свекрвата Милка. За Лука редовно се грижи и свекорот Димитар. Секој имаме различен начин хранење. Повеќе сум на салати и сама си ги правам, а Гоце јади сé. Не пребира. За тоа е најдобар маж на светот – кажува Ане и Гоце знае да прави убав ориз, грав, јајца пржени. Научил при студентските денови во Бугарија. Откако се вратил, мајка му го разгалила. Сакаме повеќе да се дружиме. Го користиме секој слободен момент да не седиме затворени дома. Свекрвата сосема ме разбира, оти во фамилијата сум и “израсната” – вели Ане.

Loading