САНАЦИЈА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ

Се санираат штетите што ги предизвика невремето, кое поплави пет куќи и земјоделски површини во атарите на селата Загорани и Чепигово. Се чисти градската река од донесеното ѓубре. Саниран е урнатиот насип кај селото Загорани, каде според жителите, под вода биле околу 200 хектари ниви. Во селото Радобил, каде водата го однесе мостот, ќе се постави времен преод за минување на возилата. Комисијата за проценка на штети ги согледува последиците. Се проценува штета од околу шест илјади евра на петте поплавени куќи во коритото на Дабничка река во Тризла. За семејствата е обезбеден покрив над главата, храна и облека. Центарот за социјални работи обезбеди еднократна парична помош.

Loading