БУЏЕТ ЌЕ ТЕЖИ 16 МИЛИОНИ ЕВРА

Во 2011 година

Советот на Општина Прилеп го усвои буџетот за 2011 година ќе “тежи” 16,2 милиони евра. Речиси 8,5 милиони евра се давачките за образованието, културата и социјалните установи, а 6,5 милиони евра ќе се насочат на градската инфраструктура и платите на локалната администрација. Најмоќен извор за полнење на буџетот е надоместокот за уредување на градежно земјиште и осветлување, а особено од надоместоците од продажба на градежно земјиште и концесиските договори.       За 2011 година ќе се потрошат 80 милиони денари за изградба на улици и патишта, 30 милиони денари за изградба на споменичниот комплекс Карпалак. Очекуваме одредени приходи да растат. Затоа се проектирани средства за адаптација на стариот дел на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во нов противпожарен дом. Се определуваат трипати повеќе пари за спортот. На годинешниот еден милион денари, се додадени уште два милиони денари – вели Драге Ѕвездакоски, раководител на одделот за буџет.

Loading