БЛЕСКА ЕЛКИНА СТАВА

За разлика од европските метрополи каде веќе се украсени дуќаните, улиците, центарите, кај нас малку подоцна не опива славеничкиот порив. Деновиве, лека – полека, се составуваат деловите на елката, која, за разлика од лани, е поставена понастрана, во центарот. Естетски необично, но практично и скромно. Фонтаната и го зазеде местото. Но, тоа не е хендикеп. Луѓе од мостот ќе може да бидат малку повисоко и со уникатно славеничко доживување. Елката не е свежа, од планина пресечена и донесена. Не е ни онаа која традиционално Ирска и ја подарува на Англија. И украсите не мамат баш со уникатност. Но, физиономијата и е скроена според свеста на несовесните, и новогодишниот градски буџет. Но, разнобојните ламбички ќе ја осветлат ставата, ќе блеска и прелива “главата”. Ќе има необичност како и секогаш и во обичната вечер. Децата се со незаборавен поглед. Треба да се џиџаат и дрворедите по улиците, фонтаните, канделабрите со светлечки лампиони, за будење на фантазијата. За романтичните – Прилеп секогаш може да биде Новогодишна – лулка од соништата.

Loading