КРОЈКА ЗА СВЕЖА ДРВОСТРОЈКА

Дрвјата полека се токмат за убав изглед. Им се кастрат врвовите, им се крои ставата. Во тек е есенско кроење за нов шмект на околината. Добро е и за правилен развој на дрвото и за долготрајност. Срцевината на дрвото и коренот живеат, ако правилно се развиваат и шират ветките. Младоста на гранките обично ја водат староста. Насоката дава слобода и правилно ширење на природниот “дрвен” дух. А опива и мирисот на свежост на дрвореди кои остануваат во сеќавање на минувачи, на кројачи на дрвеното руво.

Loading