ОБРАЗОВАНИЕ И ХУМАНИТАРЕН ПОХОД

Училиштето и учениците од “Орде Чопела” покажале хуманост за Денот на хендикепираните. Донирале помош во пари и производи од нивната пекарница во Дневниот центар за лица со посебни потреби. Училиштето потпомогнало на семејството на едно ипол годишната Бинаска Таироска, една од близнаците, која ослепела во инкубатор. Нејзиното братче – близначе било во ред. Реагиравме на апелот за помош на семејството на Таироска и со професорите и дел ученици собравме некој денар и му дониравме на семејството. Помагаме колку можеме и ако можеме – вели Славица Петроска, директорка на СОУ “Орде Чопела”.

Loading