,,КЛУПСКИ,, СОН ПО ЧОРАПИ

Човек се испружил на клупата во Паркот, кај споменикот на “ Ченто”, колку што е долг. За среќа и клупата ја собрала неговата ширина, па, одмора коски на дрвената разретчена седиште од чии страни го дувка свежо ветре во овие доцни есенски денови. Домаќинот – одомаќинет. Ги соблекол чевлите пред да се качи на тврдиот кревет. Луфтација или… Веројатно, клупата, го потсетила на креветите од штици, од претци и посакал да проба каков ќе е сонот на јавно место под ведро небо. Сред бел ден!

Loading