ЕПИЛОГ НА КУРСЕВИ ЗА ЈАЗИЦИ

Доделени се 193 сертификати за успешно завршен курс странски јазик, што се дел од проектот „Учењето странски јазици – Прозорец кон светот”, спроведен од Здружението на „Младинска мултикултурна заедница” и локалната самоуправа. Проектот придонесе да се надоградат младите со знаења по англиски и германски јазик. Во двомесечните курсеви до четврти степен настава следеа 225 млади кои се стремеа да ги усовршат веќе солидните знаења на јазиците за полесно да комуницираат со Европа и светот.

Loading