АСФАЛТ МЕСТО КАЛ

Асфалтирани се улиците Борка Стеваноски, Тале Христов и Зеленик во Бончејца. Најнапред беше заменета водоводната мрежа по што на површина од 6000 квадрати се постави асфалтна подлога. Инвестицијата е над 10 милиони денари – средства од Општината во соработка со ЈКП Водовод и канализација. Градоначалникот Марјан Ристески и министерот без ресор Неждет Мустафа ја пуштија во употреба новоасфалтираната улица Гостиварска во Тризла. За овој инфраструктурен зафат во должина од триста метри инвестирани се 1.7 милиони денари, од кои еден милион се средства од проектот на Декадата на ромите, а останатите од Прилеп. За подобрување на локалната патна инфраструктура асфалтиран е дел од улицата Тризла.

Loading