ДОНАЦИЈА ЗА ИТНАТА ПОМОШ

Итната помош доби медицинска опрема вредна 5000 евра од компанијата ОНЕ. Донирани се ултра тенка носилка за транспорт на пациенти, универзален имобилизитарот за глава, имобилизитар за нозе, шест имобилизатори за врат кои пропуштаат рентген зраци, термален вакуум душек, комплет за реанимација, држач за инфузиони боци и специјална сатолица за транспорт на пациенти која се движи по скали. Со новата опрема ќе и се олесни работата на службата. Ова е прва модерна опрема која ја добиваме. Многу ќе ни користи, особено на терен, кога се соочуваме со бројни проблеми – вели Гоце Јонзоски, началник на итна помош. Од ОНЕ велат дека сакале да помогнат за подобрувањето на условите за работа во итната помош со цел граѓаните да добијат поквалитетни услуги. Инаку, итната помош се соочува со недостиг од возила, бидејќи старите се расипуваат. Јонзоски најавува дека за брзо време ќе обезбеделе нови возила. Инаку, итната помош дава здравствени услуги на околу 100 илјади жители.

Loading