ЗДРАВСТВЕНО СОВЕТУВАЛИШТЕ ВО ТРИЗЛА

Наскоро ќе се стави во функција Здравствено советовалиште во Тризла кое ќе биде посредник меѓу ромската популација и здравствените институции. Ќе се овозможат еднакви можности на Ромите за остварување на здравствените права, како дел од проектот на НВО Рома СОС. Советувалиштето ќе е информативен и контакт центар за различни прашања од здравствен карактер, со акцент кон женската популација, каде потребите се и најголем – вели Виолета Ангелеска од НВО Рома СОС. НВО Рома СОС потпиша договори за соработка со здравствените институции. Меморандум за соработка беше потпиешан и со Локалната самоуправа. Проектот е финансиски поддржан од Институтот “Отворено општество” во Будимпешта.

Loading