НЕПОДВИЖНИ ‘РЃИ ЧЕКААТ АЛО

Како се нагрдува разубавен дел од некое катче може да се види низ тесните улички каде граѓаните ги оставаат своите стари возила, наместо да ги превезат во отпад. Иако суредени и чисти улиците, “век наназад” навраќаат, десетици корозирани автомобили на повеќе места. Покриени со трули партали, некои не се мрдаат од место. Веројатно, немаат ни “задно” седиште… Превозни р’ѓосани “дребулии” има и на главни сообраќајници. И не само тоа. Улиците, односно јавните, заедничките површини се паркираат и си ги имаат за “свој дом” со години, и по некој распаднат трактор, некаква приклучна механизација, па и градежни машини, непотребна железарија, расипана бела техника… Им “зарѓал” мозокот и чекаат некој да ги крене, оти сопствениците ќе се “изложат” на трошок или пак не ги даваат, туку ги чуваат за “недајбоже”. Исто, како што фатил “бигор” умот на оние кои ги оставиле со некоја намера. Има закони за вакви “предмети”? Посебно, за автомобилите со смачкани врати од кои некои си прават и огради. Отпадот за нив е гробишта, каде им е местото. А локаланите власти најавија дека со јавување на телефон ќе им помогнат на граѓаните, корозираните истрошени автомобили да ги однесат на последниот пат, до последната станица.

Loading