СЕЛЦЕ И ЛАГОВО СО ГРАДСКИ УЛИЦИ

Во селата Селце и Ново Лагово, неколку километри од Прилеп, се асфалтираа селските улици. Локалните власти вложија околу два милиони денари. Селчани нема да газат кал, оти под “асфален покрив” им се околу илјада, а на лаговци 1300 метри квадратни. Во соседното село Беровци, патната инфраструкрура е под чакал, поставена е канализациона мрежа, а комунална фирма го крева ѓубрето од пред порти. Останува уште асфалтирање на улиците.

Loading