ЌЕ НИКНАТ БАГРЕМОВИ,… ШУМИ

Масовно на “Денот на дрвото”. Во засадувањето на садници, обезбедени од ЈП “Црн бор”, засучија ракави и зедоа мотики и лопати в раце – политичари. И тие дадоа шмект на зелената акција, садејќи кај Вештачкото езеро, селото Селце и под Плетвар. Времето е погодно, садниците да се фатат и да никнат шуми од багрем, јасен, црн бор. Се озеленија 66 хектари голини. ЈП “Црн бор” садел јасен по патот Прилеп – Тополчани во должина од 30 километри.

Loading