“КРАСТАВА” ФОНТАНА

Ноември е месец кога пресушуваат фонтаните. Да не ги стегне мраз – па да испукаат цевките. Секнувањето на водата е можност да се виде какви се фонтаните. Што се крие дното. Мермерното ,,Сонце,, на плочникот и пред редот шепурки пред Комерцијална банка секојдневно се чистат. По долгогодишно натегање, се потегна и оптегна четката и се затри жолтилото од Лавот кај Саат кулата. Зачистена е и кај салата Македонија. Ама, фонтаната кај поштата, една од најстарите, години е во тиња и зеленило на “газерот”. Дали надлежните ја заборавиле или намерно ја поттурнуваат како понеприоритетна? Крастата што ја видовме , а која со велосипеди се обидуваа махерски да ја минуват деца лете, може да е основа на зараза. А за специфични живи суштества и лек.

Loading