“УМЕТНИЧКИ ЖОЛТИЦИ”

Силно светнал ден. Трева – чистотница. Под конец наредени површински трапови со жолти лисје на свежо косената зелена трева во паркот кај зградата од Основниот суд. И ветре не би можело вака убаво да ги спастри. Чистачот, небаре уметник, создаде уникатна, едноставна чиста слика. За оние кои знаат да ја забележат. Шушкаат припиено ливчињата во паралелни редови. Како жолти жолтици – од кои некоја ќе затропа заслужено и во паричникот на совесниот комунален работник.

Loading