КЕЈ И ЗА ДОЛНО МААЛО

Ќе се уредува запуштениот дел од централното градско подрачје, таканареченото Долно маало. Ќе се уриваат времените објекти на улицата “Андон Слабејко”. Ќе отвора кејот на реката од мостот кај автобуската станица до мостот “Димо Наредникот” да се олесни одвивањето на сообраќајот. Државата веќе најави продажба 850 метри квадратни поделени во пет плаца на местото на урнатите сервиси и другите објекти. Се предвидува атрактивните парцели да бидат од 120 до 200 м2 за угостителско-трговски деловни простори. Почетна цена на лицитацијата, закажана за 26 ноември во Министерството за транспорт и врски, е 3400 денари за м2. Со овој зафат локалните власти го реализираат деталниот урбанистички план во центарот со проектираните содржини и објекти.

Loading