НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА МАНАСТИРСКИТЕ ПЕДОФИЛИ

Зад затворени врати за јавноста, на обвинителната клупа во судот седнаа прилепчаните Дарко Д. (1979), Диме А. (1986) и Даниел Р. (1989), кои обвинителството ги товари за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Поради заштита на интегритетот на малолетникот, судијата Ружица Иваноска ја изолира јавноста од процесот. Обвинетите, кои се во притвор, се сомничат дека повеќепати го силувале 13 годишното дете низ Прилеп, кај Вештачкото езеро, на Маркови кули и во манастирот Трескавец. Според МВР, момчето во истрагата кажало дека се сеќава на осум одделни насилства, извршени од обвинетите. Дознаваме дека на првото рочиште се распрашувани обвинетите, а во мислење за психичката состојба на детето, вештаците напишале дека жртвата имала последици по здравјето. Повеќекратните злоставувања врз детето од неколкутемина беа откриени од калуѓер во манастирот Свето Преображение – Богородица – Трескавец во август годинава. Дарко Д. имал сексуални односи со момчето во гостинската соба на манастирот, кога бил “жив” фатен од монахот. Во обидот да побегне, Дарко скокнал гол од четири метри и си ги скршил двете раце. Во силувањето бил активен и Диме А. Истрагата се откри дека момчето било силувано и од Даниел Р.

Loading