СЕ СУДИ ПОЛИЦАЕЦ ЗА УБИСТВО НА ПЕНЗИОНЕР

Полицаецот Газмен Авдии (29) од Гостивар, кој во мај го уби 78 годишниот прилепски пензионер Трајче Смилески не се сеќава на убиството. Вака изјави на единствениот обвинет на отворање на процесот против него, што започна во судот. Продолжението е закажано за 6 декември, кога ќе се сослушува клучниот сведок, девојката Зорица И., која контактирала со убиениот и со осомничениот за злосторството. Тој рече дека ништо не памети и не се сеќава на никакво убиство. Бев во алкохолизирана состојба. Не знам за што ме судите. Ме упасија и ми кажаа дека ме товарат за убиство – изјави Авдии. Судот сослуша двајца комшии, кои не го виделе Авдии, туку само убиениот Смилески, кога си одел дома пред убиството. Неофицијално полицаецот од граничната полиција го убил пензионерот со пиштол на 15 мај во неговиот стан во населбата Точила, заради љубомора. Истрагата утврди дека Смислески бил најден дома од комшиите со две прострелни рани, од кои едната во срцето. Пронајдени биле и две чаури и две зрна од куршумите. Судот треба да ги открие и причините за убиството. Се шпекулира дека полицаецот бил љубоморен на девојката Зорица. И., оти се “дружела” со Смилевски. Девојката често доаѓала кај старецот со германска пензија. Таа не била единствена. Комшиите раскажуваат дека убиениот бил меркалија на девојки. Полицаецот, кој бил во врска со девојката, веќе не можел да поднесе што го напуштила и заминала да живее кај пензионерот. Затоа критичниот ден дошол и пукал во пензионерот. Смилевски бил осудуван и отслужил затвор за убиство на љубовникот на поранешната сопруга пред дваесетина години.

Loading