ЗАГУБАРСКИОТ ТРЕНД ВО ТУТУНСКИ

Загубарот, Тутунски комбинат, со 72 отсто државен капитал реди нови дубиози. Според податоците на интернет страницата МКД фондови, во првите девет месеци од годинава оперативните приходи бележат пад и тоа од 258.177 денари на 202.510 денари, со што оперативните приходи во третиот квартал од годинава се намалени за 55.667 денари. Намалување е регистрирано и кај оперативните расходи и тоа за 33.232 денари на 263.125 денари. Нето загубата за третото тромесечје на Тутунски изнесува 76 052 денари, додека пак лани истиот период загубата беше на ниво од 54.174 денари. Инаку, според законот, на 15 ноември девет откупни претпријатија треба да го отпочнат откупот на ланскиот род на тутунот, кој во прилепско “тежи” околу 16 илјади тони тутун, главно од ориенталниот тип “Прилеп”. Околу 13 илјади семејства на тутунари очекуваат да земат околу

50 милиони евра, плус уште 15 милиони евра државна поддршка. Откупувачите треба да располагаат со лиценца со која потврдуваат дека имаат технички и кадровски ресурси за преработка на тутунот, потоа банкарска гаранција со која потврдуваат дека ќе ги платат преземените количества тутун, откупни пунктови со баждарени ваги, опремени со влагометри, стручни проценители и други услови, предвидени со Законот за тутун. Контролата на условите вообичаено ја врши земјоделската инспекција, која дава изим за ставање на откупоните простории во “погон” или укажува на отстранување на слабости. Се очекува откупувачите да отворат најмалку по еден пункт до последниот рок, а вистинската откупна кампања да почне по божикните празници. Дотогаш, тутунарите, кои годинава имаат околу 30 отсто повеќе род, поради зголемените површини и квалитетната берба, веќе почнаа да ја вршат домашната манипулација.

Loading