ЕФТИНА ЗЕМЈА ЗА СЛАВЕЈЦИ

Околу сто домаќинства од селото Славеј ќе имаа можност и предимство да земат под концесија на долг рок по еден хектар земјоделско земјиште за тутун и бавчи во околината на селото, бидејќи жителите немаат сопствена такаречи ниту квадрат обработлива површина. Измените на законските решенија предвидуваат на жителите не само на Славеј, туку и на други слични села, каде доминираат доселеници од колонизацијата по Втората светска војна, државата да им овозможи да располагаат со “своја земја” по бенифицирани услови. Досега околните површини ги користеа земјоделските комбинати. По распаѓањето, земјиштето се узурпира и владее хаос и неразбирања меѓу жителите за тоа кој повеќе да “грабне” туѓа земја за обработка. Новите решенија имаат тенденција да се стави ред и трајно да се симни од прашањето за недостигот на земјоделско земјиште за славејчани. Покренавме иницијатива да добиеме под концесија мали земјоделски површини.

Владата веќе покажа слух за нашите барања. Се измени законот, се формира катастарска општина, се излачија денационализираните и резервираните површини, се утврдија нивите и се чека тендерот за концесија на мали површини за околу сто семејства од селото Славеј. Жителите ќе имаат прилика да земат за ситен закуп најмногу по еден хектар на долг рок да посадуваат тутун, бавчи или други култури. Предимството е во тоа што местото на живеење ќе носи повеќе од половината од бодовите за успешно аплицирање. Надоместокот ќе биде симболичен. Со тоа ќе им се олесни и на земјоделците и на државата од стихијното експлоатирање на државното земјиште – вели жител на Славеј. Само неколку жители од Славеј успеале да станат сопственици со купување мали ниви од денационализираните површини, додека во селото постои глад за “земја” и посериозни зафати во развојни ангажмани на земјоделието.

Loading