ВИДЛИВИ КОНТУРИТЕ НА РОТОНДАТА “КАРПАЛАК”

Локалните власти го финишираат со асфалт кружниот тек кој е раскрсница на три фреквентни градски улици. Едновремено се регулира сообраќајот, се подготвува градба на споменично обележје кое ќе ја симболизира градската почит за десетте прилепски загинати бранители кај Карпалак во 2001 година. Сообраќајниот дел ќе заврши до крајот на ноември, а за уредувањето и споменичното обележје во тек се тендери. Во уредување на партерното уредување се предвидува и поплочување на мини плоштадот, а споменикот во центарот на ротондата ќе биде челична скулптура од 18 метри, со 10 челични краци кои завршуваат со кружна топка. Осветлувањето ќе е статично и динамично. Ќе пулсира врз топката. Во центарот ќе има фонтана со сопствена драматика.

Loading