ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК КОГА ЌЕ ,,ИСТИНАТ,,

Ромори или вистина

Се шушка дека по Нова година, дел работници нема да може по никаква основа да ги користат бенифициите од таканаречениот статус технолошки вишок. Тоа ги исплаши вработените во залезот на работниот век. Од синдикатот велат дека станува збор за гласина. Дезинформација. Ѓоа, малите фирми под 50 луѓе не можеле да прогласуваат технолошки вишок, а државата немало да плаќа. Тоа не е можно. Фирма е фирма, дали со еден или со илјада вработени, законот е ист – вели Лазар Ангелески, претседател на прилепскиот синдикат. Има индикации за зголемување на старосната граница за технолошки вишок, што е блиску до роморите меѓу народот. Се најавува зголемување на старосната граница за технолошки вишок. Ако сега услов е 57 години старост за жени и 59 за мажи, да биде 59 за жени, 61 за мажи. За работниците беше спас “технолошкиот”. Можеби ќе се растовари државата, зашто масовно мали фирми вработуваат најмалку со девет месеци стаж и 57 години старост, злоупотребувајќи го правото на технолошки вишок – кажува Ангелески. За дел работници технолошкиот е како мелем, посебно кога на фирмата и следи стечај. Претседателите на синдикатите од ,,Еурокомпозит,, и ,,Жито Прилеп,,, Бранко Чатлески и Блаже Димитриоски, велат дека старосната структура во прилепската индустрија е од 50 -55 години. Технолошкиот вишок е отказ по барање на работодавачот. Се откажува договорот со вработениот, поради економски причини – немање пазар или суровини, превработеност, откажување договори со партнери и сл. На работниците им се дава отказен рок од месец или два месеци. После работникот е на товар на државата и добива надомест во зависност од стажот и староста. Пример, за 55 годишен маж со 34 години стаж, паричниот надомест до една година е 50 проценти или 40 проценти од платата наредните години. А за маж со 59 години и жена со 57 и 15 години стаж, Бирото за вработување, до ново вработување или пензионирање плаќа паричен надомест, но не и придонеси – кажува Лазар Ангелески. Технолошкиот вишок е вентил за растоварување на фирмите со проблеми кои не знаат да ги решат, но може да биде и лек за луѓе кои се амортизирани.

Loading