ПРИЈАВИ ЗА ФИКТИВНО ПРОДАДЕН ПЛАЦ ОД 2,4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Прилепски извршител и директор на фирма незаконски продале плац в центар за 2,4 милиони денари за сметка на должник, а со намера да “изиграат” доверител. Во инкриминираните дејствија помогнал и адвокат. Полицијата поднесе кривични пријави на Зоран Т.(50), управител на фирмата “Ма-Кам” за оштетување туѓи права, за извршителот Томислав Џ. (51) за злоупотреба на службена положба и овластување и за фалсификување исправа и за адвокатот Слободан К. (60) за помагање. Неофицијално дознаваме дека доверителот бил нашиот сонародник од САД, кој инвестира неколку милиони долари во Прилеп, Горѓија Џорџ Атанасоски. Според МВР, управителот, извршителот и адвокатот извршиле продажба на недвижен имот вреден 2,4 милиони денари и оштетиле доверител. Имотот го отуѓиле со намера да спречат остварување на правата. Тоа го направиле во договор, фиктивно и со измамнички дејствија. Едниот ја злоупотребил службената положба, а другиот помагал, спротивно на законот и на судско решение за забрана за располагање, оттуѓување и оптоварување на недвижен имот за сметка на на Зоран Т. – вели м-р Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Loading