ГРАНАТА В КОНТЕЈНЕР

Граната од Првата светска војна била пронајдена во во контејнер на улицата “Васил Главинов”. Граѓанин пријавил, а полицијата со Дирекцијата за заштита и спасување презеле мерки за безбедно вадење и дистанцирање од прилепската населба. Според МВР, граѓанин од околината на касарната, фрлајќи ѓубре во контејнер, забележал дека меѓу сметот има граната. Ја алармирал полицијата, а екипа од дирекцијата за заштита и спасување веднаш ја остранила гранатата, која датирала од Првата светска војна. Не е познато, како експлозивната направа се нашла во контејнерот. Стручнаци коментираат дека можела да биде опасна, доколку се запалел контејнерот, како што често се случува, или при транспортот во камионот со ѓубре, каде сметот се пресува.

Loading