И ОХРИДСКА БАНКА ГО “НАПАЃА” ПРИЛЕПСКОТО СТОПАНСТВО

За празникот, Трети Ноември, Охридска банка отвори експозитура во Прилеп. На сечењето на лентата на 29-тата експозитура присуствуваа и францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже, чешкиот Јозеф Браун и претставници на локалните власти. Директорката на македонскиот дел на француската банка Сосиете женерал – Охридска банка, Јитка Панчуткова им подари признанија за соработка и поддршка на Економскиот факултет и на гимназијата “Мирче Ацев”. Очекуваме соработка со компаниите. Нашите пари не завршуваат во благајнички записи, туку за поддршка на стопанствениците. Располагаме со изобилство кредити и можеме да се прилогодиме на потребите на компаниите и населението. Условите се погодни со поголеми рокови на отплата – изјави Филип Котора, директор за дистрибуција на Охридска банка.

Loading