БИТОЛЧАНКА КРИЕЛА ДРОГА ВО ГЕНИТАЛИИТЕ

Со дрога во вагината е фатена битолчанката Тереза Т. (19), заедно со уште еден битолчанец и тројца прилепчани во стан во населбата Точила. Полицијата ги уапси, а истражен судија ги притвори на прилепчаните Кристијан В. (23), Дарко В. (34) и Дарко С. (28) и на битолчанецот Оливер Н. (25), поради трговија со дрога. Според портапролот на СВР Битола Ѓоко Стрезовски, прилепчаните им продавале дрога на битолчаните за нивни потреби и за дилање. Битолчаните купувале дрога неколку наврати. Ја продавале на наркозависници низ Прилеп и Битола. Петмината се фатени во стан во Прилеп со 4,5 грама амфетамин, 12,1 грам хероин и 3,4 грама марихуана – вели Стезовски. Дознаваме дека при упадот на полицијата, битолчанка Тереза Томичиќ ја ставила дрогата во вагината, а инспекторите ја откриле.

Loading