СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ БАРААТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО АЛИНЦИ

Потребно е намалување на цената за приватизација на земјиштето на бизнис секторот

 

 

“Нужна е радикална промена на досегашниот модел на економски развој, кој треба да ја промени во структурата на македонското стопанство и да предизвика промени во макроекономската политика”. Ова го изјави Симон Наумоски, претседателот на Регионалната комора, на последната седница на Управниот одбор во расправата за темата “Време е за промена на досегашниот модел на економски развој”. Управниот одбор упати дополнителни предлози, во кои стои домашните и странските инвестиции да бидат двигатели на растот, да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој, приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и апсорбирањето на високата невработеност, динамичниот економски раст да резултира со функционално интегрирање на земјата кон ЕУ и итно да се модернизира инфраструктурата и да се намали енергетската зависност на земјата од странство. Прилепските стопанственици очекуваат носителите на економската политика да ги преземат соодветните мерки за подобрување на условите за подем на националната економија.

Бизнис секторот ги потенцира можните локации на градежно земјиште во технолошко индустриска развојна зона кај селото Алинци со површина од 67,5 хектари со можност за проширување уште за 35,7 хектари. Покрај неа, како соодветна е и локацијата кај селото Старо Лагово со површина од 6,7 хектари, на излезот од градот кон Македонски Брод, Крушево, потоа наспроти фабриката за цигари, во близината на Металец, индустриска зона во кругот на касарната, градежната локација кај старата општина, локација во Табана и кај селото Алданци кај Крушево. Затоа се заклучи да се организира итна средба во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони со присуство на градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Регионалната комора. Од Владата да се побара неизоставно планирање средства во буџетот за 2011 за инфраструктура на зоната во Алинци. Стопанствениците го повторија барањето, преку претседателот на Стопанската комора на Македонија, до Владата за ново намалување на надоместот за приватизација на градежното земјиште за стопански и индустриски објекти за 55-68 отсто за сите реони и зони. Со тоа надоместот за Прилеп, за вон централно подрачје, за стопански и производствени објекти, би бил 5-7 евра/м2. Бизнис секторот смета дека со предлогот правните лица успешно ќе го отпочнат процесот на приватизација на градежното земјиште. Со тоа би се изедначил надоместот со индивидуалното домување по цена од 61 денар/м2. Управниот одбор на Регионалната комора го избраа за потпретседател Горан Попоски, генерален директор на Мермерски комбинат, а за нов член Борис Јованоски, сопственик на фирмата за преработка на дрво и дрвени производи ,,Борче,, од Крушево.

 

Loading