НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА БЛАГА ПЕТРЕСКА

 

Фолк пејачката Блага Петреска е добитник на општинската награда за животно дело – Трети Ноември. Вака одлучи Комисијата за одбележување на значајни настани, датуми, личности и празници. Признанието на Петреска ќе и биде доделено во среда, на трети ноември н свечена седница. Општински признанија дипломи – Трети ноември за посебен придонес за популаризација на градот ќе добијат 12 истакнати сограѓани. Новинарот Лилјана Мургоска – Секулиќ за придонесот во новинарството, уметниците Кирил Гегоски и Жарко Башески за придонесот во уметноста, ренгенологот Милан Сапунџиоски, златарот Кирил Трпчески, крводарителот Боше Кочоски, карикатуристот Живко Козар, историчарот Славчо Ковилоски, уметникот Ристо Тошески. Дипломи ќе има за Златко Ангелески, постхумно за фотографот Мате Десоски и за ученичките што беа дел од македонската карате репрезентација. Плакети – Трети ноември ќе им бидат врачени на повеќе институции. На Универзитетот “Св. Климент Охридски”, на Градската библиотека ,,Борка Талески,,, на фабриката “Жито Прилеп”, на танцовото студио Зодијак, на Министерството за здравство, на “Перкан проект”, на Амбасадата на Кина во Македонија, пицерија “Леоне”, на специјалната детска олимпијада, на музичката група Крос роуд блуз бенд, на ОУ “Блаже Конески”, на НВО” Козви” и на ФК ,,11 Октомври,,.

Loading