РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МЛЕЧНИОТ ПАЗАР

Постојниот простор на млечниот пазар комплетно ќе се реконструира, иако и го задоволува хасап стандардот. Директорот на ЈП Пазари Пецо Димоски вели дека над дел од пазарот за продажба на млечни производи ќе се крене кат, а остантиот дел, со вкупна површина од околу 1500 метри квадратни, ќе доживее комплетна обнова. Инвестицијата е околу 250 илјади евра. Не е затворена финансиската конструкција. Се подготвува документацијата, за на пролет да се стартува со реконструција и подобрување на условите за продажба на млечни производи и јајца – вели Димоски. ЈП Пазари вложи значително средства за задоволување на хасап стандардот. Инаку, се во централниот пазар се финализира покривната конструкција со сопствени пари и со кредитни средства, откако заврши поплочувањето и задоволувањето на миналните технички услови за функционирање. Околу 180 трговци на конфекција и други стоки веќе се преселени во градскиот пазар од близината каде ќе се гради нова катна гаража.

Loading