ПРИЗНАНИЕ ЗА ДОНИА

Дониа е една од македонските фирми кои се закитија со признанието за општеството одговорна компанија. Наградата доаѓа за придонесот во односите со вработените и одржливост на развојот на човечките ресурси. Компанијата пристапува професионално кон своите потенцијални и сегашни вработени. Во Дониа велат дека признанието е потврда на решеноста за постојано усовршување на човечкиот потенцијал и знаењата да се поделат со други компании. Фирмата го продолжува придонесот за подобрување на квалитетот на живот со ангажирање на млади високомотивирани и амбициозни кадри. Тоа се совпаѓа со концептот на општествена одговорност на претпријатијата. Веќе трета година компании аплицираат на конкурсот за општествено одговорни практики во организација на Националното Координативно тело за општествена одговорност во рамките на Економско – социјалниот совет на Владата.

Loading