РЕДОВНИ ВАКЦИНИ ЗА ДЕЦАТА

Појавата на морбили во Куманово и Струмица ги обврза здравствените установи порано да ги вакцинираат децата од шест ипол години во општинава со вакцината против ситни сипаници. Децата се вакцинираат и против дифтерија, тетанус и детска парализа. На седум години се прави тест за туберколоза – вели Васе Младеноска, началничка на службата за превенција на деца и млади. Објаснува дека последната редовна ревакцинација на децата им е на 13-14 години, а имунизацијата завршува со боцкањето против тетанус на 18 години. Годишно се вакцинираат 12 илјади деца, од кои три илјади по селата. ХПВ вакцината од годинава е редовна за 12 – годишните девојчиња. Таа е против карцином на гениталиите, а девојките се вакцинираат и на 14 години од рубеола – против вирусот кој може да го нападне плодот кога ќе забременат.

Loading